Софија даде „виза“ за Македонија во НАТО

Бугарската влада го одобри нацрт-протокол за пристапување на Република Македонија во НАТО.



Со истата одлука, бугарската влада го овласти привремениот администратор на Постојаната делегација во НАТО да го потпише протоколот за пристапување, информира News.bg.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека северна Македонија може наскоро да очекува покана за влез во НАТО.