Министерството за надворешни работи на Бугарија, на Фејсбук, соопшти дека Софија внимателно го следи постојаното објавување на социјалните мрежи на списоци со бугарски граѓани во Северна Македонија.
Бугарија е загрижена поради повиците за спроведување „улична правда“ кон нив.
„Очекуваме властите во Скопје да преземат чекори да стават крај на говорот на омраза и да ги заштитат своите граѓани со бугарска самоидентификација“, порачува бугарското Министерство за надворешни работи, пренесуваат повеќе медиуми во оваа земја.
Бугарските власти не даваат детали кој, каде и кога објавувал имиња на луѓе со “бугарска самоидентификација”.
Популарно
Пет прашања од Трифун за Зоран: До кога ќе не лаже а ние ќе молчиме






