Доцна синоќа, на собраниска седница за реконструкција на владата, дојде до жестока кавга помеѓу претседателот на собранието Талат Џафери и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.



Причина за меѓусебните навреди беше синот на Џафери, Барлет, кој деновиве е во центарот на вниманието на јавноста откако се најде на списокот на роднини на функционери кои ја завршиле Академијата за судии и обвинители.

Игор Јанушев, рече дека синот на Џафери без правосуден се запишал на Академијата за обвинители.

На жестоко изреагира собранискиот спикер, по што почна караница и меѓусебни навреди, за на крај сопартиецот на Јанушев, Никола Мицевски, излезе и мораше да го одвои Јанушев од говорницата. Еве дел од атмосферата.