Празна ссобраниска сала веќе еден час. Ваква е сликата во Собрание каде денеска би требало да е тензично поради разрешувањето на министрите. Прво дел од пратениците влегоа во салата, но бидејќи немаше кворум, сите излегоа.

Како прва точка на дневен ред е точката за разрешување на Меџити и Алиу. Втора точка е именување на Илир Демири за министер за здравство и Наим Бајрами за министер за информатичко општество и администрација. Меџити и Алиу си одат по една година од фунцкијата, кога АА се приклучи кон владата на Ковачевски и го спаси мнозинството кое беше на стаклени нозе.





