Собраниската комисија за надворешни работи утре расправа за пет македонски амбасадори, еден од нив оди во САД

Шефот на собраниската комисија за надворешна политика на Собранието на Република Македонија Антонио Милошоски ја свика дваесет и третата седница на Комисијата на која ќе се расправа за членството на Финска и Шведска во НАТО и за испраќање на пет македонски амбасадори.



Седницата ќе се одржи утре со почеток од 10.30 часот во Сала „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието на Република Македонија.

Седницата ќе биде со следниот дневен ред:

– Усвојување на записници од 10-та, 14-та, 15-та, 18-та, 20-та и 21-та седница на Комисијата

1. Предлог на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска;

2. Предлог на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Република Финска;

3. Претставување на платформата за дипломатските активности на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република С.Македонија во Соединетите американски држави, г-дин Зоран Попов;

4. Претставување на платформата за дипломатските активности на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република С. Македонија во Република Словачка, г-ѓа Евгенија Илиева;

5. Претставување на платформата за дипломатските активности на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република С. Македонија во Канада, г-дин Агрон Буџаку;

6. Претставување на платформата за дипломатските активности на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република С. Македонија во Кралството Норвешка, г-дин Дритон Куќи и

7. Претставување на платформата за дипломатските активности на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република С. Македонија во Кралството Белгија, г-дин Методија Белевски.