Вкупно 122.000 евра надомест за патни трошоци од конституирањето во август лани, до први февруари годинава, зеле 75 од вкупно 120 пратенбици во парламентот објави порталот СакамДаКажам.



Поради пандемијата, но и поради потешкотиите со обезбедување кворум од тесното владејачко мнозинство, парламентот не работи со цел капацитет, а седниците и носењето закони се реткост.

Сепак и со ова споро темпо, податоците од првото полугодие во однос на пресметаните патни трошоци, говорат дека сумата до крајот на мандатот на овој пратенички состав ќе стигне до милион евра, како впрочем и во претходните парламентарни состави, пишува порталот.

ПОВЕЌЕ