Собранието доцни еден час, СДСМ панично бара и убедува свој пратеник

Наместо да започне со седницата во 11 часот Собранието доцни еден час затоа што СДСМ панично бара и убедува свој пратеник да се појави на седницата за уставни измени.



Пратеникот на СДСМ кој утрово не појавил во собранието е Диме Велковски за кого и предходно имаше најави дека нема да гласа за уставните измени.

Утрово премиерот Ковачевски и врвот на СДСМ прават панични напори да го најдат лично Велковски и да го убедат да се појави на седницата.

За да се дојде до Велковски Ковачевски бара негови блиски луѓе од СДСМ да го контактираат и да му пренесат порака да се појави на седницата за партијата да не се соочи со срам пред јавноста.

Во пораките до него му се порачува дека ова е седница само за утврдување на потреба од уатаб и измени а гласање за промена на устав нема да се случи, воопшто тврдат луѓе од врвот на СДСМ.

Дел од нив се закануваат дека ако Велковски не се појави во собранието ќе се соочи со гневот на СДСМ и за тоа ќе биде најстрого санкциониран.

Велковски е од Тиквешијата каде бугарските фашистички окупатори направиле многу злодела за време на бугарската окупација а таму се случило и убиството на 12 младинци од Ваташа.

Меѓу убиените во Тиквешијата од страна на бугарскиот фашистички окупатор има и предци на семејството на Велковски.

Ако Велковски не се уплаши од заканите од врвот на својата партија тоа ќе биде силен удар за СДСМ која во процесот на уставни измени влегува дури и без свои пратеници.

Премиерот се фалеше со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ а загубил свои

Кои се двајцата пратеници на СДСМ кои денеска му забија ,,нож во грб” на Ковачевски