Собранието добива нови 6 пратеници, на местото на колегите кои станаа градоначалници

Во Собранието денеска ќе бидат верификувани мандатите на шест нови пратеници кои ќе ги заменат пратениците кои беа избрани за градоначалници.



Љубица Спасова од СДСМ доаѓа на местото на Костадин Костадинов кој ќе управува со општина Струмица.

 Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ седнува на местото на Тимчо Муцунски кој стана градоначалник на Аеродром.

Зоран Коцевски. оди на местото во Собрание на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу новите пратеници е и името на Драган Ковачки .

Градоначалници од вториот изборен круг се и Пецаков Кирил и Биљал Касами.