Соборен НЛО и над Канада

„Nеидентификуван објект“ кој летал високо над северна Канада бил соборен од американски воен авион на барање канадскиот премиер Џастин Трудо.



На Твитер, Трудо објави: „Наредив отстранување на неидентификуван објект што го наруши канадскиот воздушен простор. „@NORADCommand“ собори објект над Јукон. Беа испратени канадски и американски авиони, а американскиот Ф-22 успешно пукаше кон објектот“.

Еден ден, претходно, американските авиони презеле слична акција над Алјаска.

Непосредно пред твитот на Трудо, Северноамериканската воздушна одбранбена команда (НОРАД) соопшти дека открила „објект“ кој лета на голема височина над Канада.

Тоа е трет „објект“ за кој се знае дека го нарушил северноамериканскиот воздушен простор во последните две недели.