Десетина илјади граѓани одговорија на повикот на Македонска координативна мрежа „Сите за унитарна Македонија“ (СУМ), која организира собир пред Собрание за зачувување на името Македонија, јазикот, идентитетот, историјата и државата.



Главното мото на собирот е „Република Македонија ERGA OMNES“, односно „Република Македонија кон сите“, а на насобраните граѓани им се обратија поетот Ефтим Клетников, претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, Исмаил, Бојда итн.

Од бината спроти Собрание ѝ беше упатено последно предупредување на власта, посебно до премиерот Зоран Заев и до министерот за надворешни работи Никола Димитров, да „не си играат со името“, заканувајќи се со граѓанска непослушност.