Со завршено „осмо“ напредувал до инспектор во МВР

Со фалсификувана диплома за средно образование 38.годишен полицаец од Ресен , 16 години работел во полициската станица за безбедност во сообраќајот во Ресен, а потоа неколку години и на граничниот премин Стење. 



Измамникот набавил четири лажни свидетелства за завршена прва, втора, трета и четврта година средно образование со невистинити податоци за ученик, клас, издавач на сведителства и оценки за положени предмети во тие учебни години. Со лажни документи успеал да се запише и на техничкиот факултет во Битола.

Лажната диплома за завршено средно, 38-годишниот ресенчанец ја употребил уште еднаш во 2012 година кога се запишал и на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, каде дипломирал во 2014 година. 

Со оваа диплома тој добил повисока позиција, инспектор –раководител на смена во Полициската станица за граничен премин „Стење“.

Со лажни  документи во МВР досега биле вработени околу 40 полицајци, а еден од нив освен што напредувал во полициската кариера, добил и статус на универзитетски професор.