Со Заев на мечот со Холандија патува и одговорна за стратешки приоритети во Владата

Меѓу членовите на владината екипа која попладнево ќе го следи мечот меѓу Македонија и Холандија во третото коло на ЕП 2020 е и Елена Ласло.



Според извори во владата кои тврдат дека Ласло ќе го гледа мечот на Јохан Кројф Стадионот таа е вработена во кабинетот на премиерот Заев на позиција која нема никаква врска со спортот и наместо неа во Холандија требало да патуваат други луѓе.

Според единствениот јавно достапен документ на владата каде е објавено што работи Ласло во Владата таа има позиција “Кабинетски службеник за следење на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија”.

Предходно порталот А1он објави дека Ласло на советничка позиција во владата дошла како основач на порталот 10без10 кој веќе не функционира.

Вработените во владата прашуваат зошто Ласло патува со владината делегација во Амстердам и кој ќе плати за нејзината посета а таа според систематизација нема никаква врска со спортот или македонската фудбалска репрезентација

Од таму велат дека фудбалот не е дел од стратешките приоритети на Владата.