Со Заев како премиер полесно ќе се договориме со Бугарија, смета Бучковски

Специјалниот претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, оценува дека останувањето на Зоран Заев на премиерската функција би гарантирало полесно постигнување договор со Бугарија за откочување на македонската евроинтеграција.



„Тоа е прашање за премиерот Заев. Мислам дека довербата што ја има бугарската страна кон него е дополнителна гаранција дека можеме полесно да дојдеме до финализирање на договорот“, изјави Бучковски во „Тема на денот“ на ТВ Сител.