Агентите на Тајната служба кои го штитат американскиот претседател Џозеф Бајден ги впериле пиштоли кон возачот на автомобилот кој удрил во џип од неговата придружба.



Инцидентот се случил во синоќа околу 20 часот по локално време.

Бајден застана и изненадено погледна во насока на судирот. Тој и првата дама не се повредени во инцидентот што се случи на раскрсница.

Возилото, како што пренесуваат светските медиуми, се обидело да продолжи кон затворената раскрсница пред персоналот на Тајната служба со извлечено оружје да стапиво акција и да го опколи возачот, наложувајќи му да ги крене рацете.

На видеото кое кружи по мрежите се слуша како тој му наредува да ја отвори вратата од возилото. Не се знае дали ги слушал.

Името на возачот не е објавено.

Белата куќа сè уште нема дадено соопштение за инцидентот.