Откако во средата во гостување во „Само вистина“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека Македонија нема договор за екстрадиција со Унгарија, тоа го потврди и Министерството за правда.



Од Министерството за правда за „Макфакс“ потврдија дека преку други правни акти ќе побараaт од унгарските власти Груевски да ѝ биде испорачан на Македонија.

Екстрадиција ќе се бара со повикување на Законот за меѓународна правна соработка во кривичната материја, Европската конвенција за екстрадиција од 1957 година и одредбите од Договорот меѓу СФРЈ и Народна република Унгарија за заемна правна помош од 1968 година.

На идентичен начин Македонија од Грција бараше екстрадиција на бегалците Горан Груејвски и Никола Бошковски, бидејќи со таа држава Македонија нема меѓудржавен договор за екстрадиција, пренесе „Макфакс“.

Спасовски: Македонија нема билатерален договор за екстрадиција со Унгарија (ВИДЕО)