Уредничка на руска телевизија упадна во вести со антивоен транспарент на државниот Канал 1.
„Стоп за војната, не верувај во пропагандата, тие ги лажат ти си овде“, пишуваше на транспарентот што го држеше Марина Овсјаникова, додека презентерката читаше вести.
Се верува дека Овсјаникова завршила во полиција. Неофицијално таа се соочува со затворска казна и до 15 години.
За време на емитувањето се слушаше нејзиниот глас како вели: „Стоп за војната!“







