Со таблети и телефони бугарскиот амбасадо во Албанија сака Македонците да ги побугари

Бугарскиот амбасадор во Албанија  Ивајло Киров да престане да ги вознемирува Македонците да се попишат како Бугари, бараат од „Мост“.



Продолжува бугарската пропаганда за асимилација на Македонците и во текот на пописот на населението и домаќинствата, кој во понеделникот почна во Албанија, што ја потврдува и посетата на бугарскиот амбасадор во областа Голо Брдо, изјави за МИА, претседателот на Македонското друштво „Мост“, Бесник Хасани изразувајќи „најостра осуда за притисокот што Бугарската амбасада го врши врз Македонците“, пренесува фактор.мк

„Најсилно што може, ги осудуваме постапките на бугарскиот амбасадор во Албанија, кој на вториот ден од пописот во придружба и на албанската полиција ги посети селата на Голо Брдо каде ги убедуваше Македонците да се попишат како Бугари на пописот, притоа делејќи им на улица бесплатни електронски уреди-таблети и телефони“, вели Хасани.

Вели дека наставниците од деветолетката во село Требиште не му дозволија на амбасадорот да го посети училиштето и да врши бугарска пропаганда. 

Инаку, и бугарската потпретседателка Илијана Јотова пред пописот беше во Албанија, во местата населени со Бугари, пренесува Фактор.мк.