Со соседите ќе бараме решение за полесно патување во пандемија, вели Бектеши

Од утре сите институции ќе стапат во контакт со нашите соседи да најдеме заедничко решение за признавање на ПЦР тестовите и тестовите за антитела, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.



Тој рече дека ќе преговараат со сите соседи за взаемно признавање на тестовите и да ги прифатат Ковид пасошите.

Ова беше одговорот на новинарско прашање зошто се одложуваат разговорите со Грција, откако Белград и Атина се договорија граѓани на Србија да можат да влегуваат во Грција и со негативен ПЦР тест и со тест за антитела.

Министерот рече дека засега не се преговара, но тоа не значи дека нема да се преговара во иднина.

Бектеши претходно посочи дека во интерес на македонскиот туризам тој сака македонските граѓани да летово да одмораат во нашите туристички ценнтри.