Ракометарите на Вардар и сезонава ќе ја поминат групната фаза од Лигата на шампионите и ќе играат во елиминациите, благодарејќи на службените два бода од ЕХФ за неодиграниот реванш кај Мешков Брест во Белорусија.
Со нив, двократниот европски првак има недостижни 11 бода, три повеќе од Елверум и ППД Загреб, па сигурно ќе заврши петти во групата А, без оглед на резултатот од последното коло на 9 март против норвешкиот шампион во Скопје.
Противник на „црвено-црните“ во осминафиналето ќе им биде унгарски Веспрем, кој на коло до крајот е сигурен на четвртото место во групата А.
Вардар на 30 март ќе биде домаќин на првиот дуел со тимот на ексвардарецот Хорхе Македа, а реваншот е на 6 април во Веспрем.






