Со што се враќа Пендаровски од Брисел а со што се врати Вучиќ?

За разлика од српскиот колега, македонскиот претседател по посетата на Брисел не најавува никаква финансиска или друга конкретна помош од Европската Унија.



Стево Пендаровски во Брисел од засега непознати причини не се сретна со шефицата на Европската Комисија ниту од таму најавува помош за државата каква што ќе добие Србија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред само 4 дена по разговорите со претставниците на ЕУ во Брисел, изјави дека на крајот на август почнува изградбата на проектот Ниш-Приштина и оти се договара железничка пруга до Прешево.

Европската унија ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра во изградба на брза пруга помеѓу Белград и границата со Македонија, изјави Вучиќ.

-Најважното нешто за што разговаравме овде во Брисел е тој фантастичен проект на брзата пруга Белград-Ниш, за кој добивме понуда од Кинезите. Европејците рекоа дека можат да дадат подобра понуда и добивме неверојатна цена, изјави Вучиќ во обраќањето до јавноста од Брисел.

Дополнително Вучиќ објави и 86 милиони евра директна неповратна помош.

Пендаровски од Брисел објави дека се сретнал со повеќе функционери на ЕУ и НАТО но без најава на пари за Македонија.

Во своите објави на социјалните мрежи и изјавите тој упатува предупредување до ЕУ дека на регионот му се заканува нестабилност ако не почне почетокот на преговорите но без најава за никаква финансиска помош од страна на Брисел каква што доби неговиот српски колега пред само неколку дена.

За разлика од Вучиќ чија земја воопшто не е во НАТО а доби стотици милиони евра од ЕУ Пендаровски посетуваше музеи во Брисел.