Со СДСМ тоне јавното здравство: И без нов Клинички центар, и без 20 милиони евра

Скопје веќе ќе имаше Клинички центар, кој требаше да почне со изградба во 2017 година, доколку Владата на СДСМ не го запре процесот за кој имаше проект и обезбедени средства, тој Клинички центар ќе чинеше 120 милиони евра, а не над половина милијарда како што заговараше СДСМ подоцна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Потенцираат дека 5 години подоцна откако СДСМ го уништи цел процес, Скопје нема нов Клинички центар, а Владата треба да исплати 20 милиони евра народни пари отштета на фирмата која требаше да го гради истиот.

„Државата е донесена во позиција да плаќа штета причинета од незрели политики на владејачката елита, затоа наместо од буџетот Ковачевски и министрите да ја покријат штетата која ја причиниле. Власта влезе во процес за нов клинички центар три пати поскап од тој што можеше да се изгради за да прави криминал.

Алчноста на власта сега народот треба да ја плаќа“, велат од партијата и посочуваат дека државата е оштетена, а СДСМ со секој ден поминат на власт го уништува јавното здравство.