На 17-ти декември 2023 година, во 00:40 часот, на крстосницата на булевар во „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 48-годишно лице од Охрид удрил во полициски „Форд“.



Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двете лица во полицискиот „Форд“, ексклузивно дознава OhridSky.

„Двете лица кој се наоѓале во возилото ‘Форд’ сопственост на МВР имаат тешки телесни повреди – возачот има фрактура на 7 ребра, пнеуаторакс, набиеници и се наоѓа на Клиниката за торакална хирургија во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје.

Совозачот во возилото ‘форд’ се здобива исто така со тешки телесни повреди – фрактура на 12 и 13 пршлен, набиеници по цело тело, повреда на десно око. И двајцата полициски службеници имаат животнозагрозувачки повреди“, пишува порталот.