Судот во Драч ја преиспита одлуката за определување притвор за 20 лица вклучени во скандалот за оттуѓување на земјиште во областа на заливот Лалзи во соседна Албанија, при што за дел од приведените ја потврди одлуката донесена пред два дена.
Станува збор за поранешни службеници во Катастарот во Драч и други лица, кои беа вклучени во продажба на голема површина земјиште во заливот Лалзи.
Меѓу приведените се поранешениот директор на Катастарот и поранешниот градоначалник на општина Ишм. Нивниот притвор дојде по повеќемесечна истрага, телефонски прислушувања, снимање и следења на лица вклучени во оваа криминална активност.
Извори од Обвинителството известија дека во аферата со отуѓување на имотот вклучени се и функционери од Македонија, кои со финансиките средства кои ги стекнале со корупција купиле недвижен имот на албанскиот брег. Рочиштето за преиспитување на нивните мерки на претпазливост се одржа под бројни полициски сили, пренесува весникот „Илинден“-Тирана..





