Американското оружје ќе ѝ помогне на Украина да ги врати окупираните територии, вклучувајќи ги Крим и Донбасизјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за Си-Ен-Ен, пренесе Укринформ



„Крим е стратешка цел за Украина, бидејќи тоа е украинска територија. Но, ние ќе одиме чекор по чекор“, рече Резников.

Првиот чекор, според него, ќе биде стабилизирање на ситуацијата на теренот за да се спречат дополнителни загуби против руските сили.

Втората фаза, рече тој, ќебиде протерување на руските сили назад на нивните позиции пред инвазијата на 24 февруари.

Дуриво третата фаза, објасни министерот, ќе има разговори со партнерите на Украина за начините за ослободување на територии, вклучувајќи го и Крим.

Властите во Украина велат дека нема да го користат оружјето за да ја нападнат Русија.

Киев не го смета Крим за руска територија.