Со нож убиени 4 полицајци во центарот на Париз

Четворица полицајци беа застрелани



Во полициска станица во центарот на Париз, со нож беа убиени 4 полицајци.

Напаѓачот бил вработен во полициската администрација и нападот се случил по расправија во дворот на полициската станица, изјавиле полициски извори за француските медиуми.

Извори на француската полиција соопштија дека напаѓачот изгубил контрола и почнал да прободува полицајци околу себе со нож, се додека не бил застрелан.

Нападот се случил во полициската станица во близина на катедралата Нотр Дам, а на местото на настанот пристигнале претседателот Емануел Макрон и премиерот Едвард Филип.