Суд во Швајцарија ослободил од одговорност граѓанин со потекло од БиХ за напад со нож врз неговата сопруга и уште една жена случен минувач.



Образложение: Тој испушил два „џоинта“ , бил под дејство на марихуана и не се сеќава на ништо.

Сепак, тој ќе мора да оди на лекување од зависност, пишуваат швајцарските медиуми.

Жените завршиле во болница. Сопругата не поднела кривична пријава, туку втората жтрва минувач. Сепак, бидејќи напаѓачот е прогласен за непресметлив, таа нема да добие никаков надомест.

Исто така, во заклучокот на судската одлука се наведува дека не било можно да се утврди намерата за убиство на жената.