За граѓаните замрзнати макарони, ама затоа за функционерите морски плодови. Со новата методологија за плати политичарите ќе може да да бидат комотни и да си дозволат октоподи, месо од бизон, школки. Административните работници алармираат веќе шести ден протестираат и бараат прием кај министерот за финансии Фатмир Бесими, зашто како што велат, не било фер за работниците да има леб од 33 денари, а за министрите плата од 1.800 евра.

Револтот дополнително се зголеми по најавите дека со одлука на Уставниот суд, во услови на економска криза платите на функционерите ќе се зголемат за 78%.
Културните работници рекоа – ако не добијат одговор деновиве, ќе се обратат и до други инстанци, до претставниците на меѓународната заедница, при што ќе побараат нивна поддршка.
И додека работниците бараат реално зголемување на платите за да преживеат, од Финансии добија негативен одговор. Револтирани се од надлежните зашто им зголемуваат плати во други сектори, а културата ја ставаат во втор план. Од Министерството за финансии се залагаат растот на платите на вработените во јавниот сектор да се решаваат со системско одржливо решение, во рамки со реализација на програмите на институциите.





