Влијателна “Твитерџика” ја дава најдобрата дефиниција на Македонија во кризата со пожарите.
Во едноставната но длабока дефиниција јасно се објаснува дека Македонија во светот и во ЕУ се гледа како на неспособен ентитет предводен од Влада која не може да си ги реши своите проблеми без голема меѓународна помош.
,,Гасењето пожари премина во меѓународна операција, сѐ заради неспособноста и ку*оболието на Владата”, стои во твитот на денот кој ја покажува суровата реалност дека Македонија во моментов не гори целосно само заради тоа што во тек е меѓународна операција за гасење на пожарите.
Во моментов пожарникари и опрема од 5 земји : Србија, Бугарија, Словенија, Австрија и Романија се главите стожери во битката со огнената стихија.






