Попладнево во селото Будимирци пристигнаа донации за жителите и луѓето кои го гаснат огнот во овој дел од Македонија.
Откако предходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на донации од граѓаните тој учествуваше во прием на донациите.
“Со народот заедно, до последно згаснатиот пламен. Во с.Будинарци, Берово. Би сакал да се заблагодарам на луѓето, тука сме ние колку можеме ќе помагаме, но мора да имаме во предвид дека овие луѓе се вистинските херои коишто вложија вон човечки напор да целата работа ја стават под контрола и да не дозволат населените места овде во Берово бидат изгорени”, напиша Мицкоски од Беровско.
Дел од провладините ботови на социјалните мрежи предходно тврдеа дека Мицкоски заминал на одмор.
Со народот заедно, до последно згаснатиот пламен. Во с.Будинарци, Берово. pic.twitter.com/1mXEIIlPKp
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) August 7, 2021
Видеото на овој линк
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/898602854336889/






