Бројот на починати од почетокот на пандемијата изнесува 302 лица, откако вчера беа регистрирани нови 4 смртни случаи.



Заклучно со вчерашните податоци, само вчера беа потврдени 126 новозаразени од ковид-19. Бројот на активни случаи во Македонија порасна на 3.557, од кои 2.007 се од Скопје.

Вчера, Европската Унија објави список на 15 земји чии жители се сметаат за безбедни и ќе им биде дозволен влез во Унијата од денеска, а меѓу нив не е и Македонија.

ЕУ ќе ги отвори границите за Србија, Црна Гора, Канада, Алжир, Тунис, Австралија, Нов Зеланд, Грузија, Јапонија, Мароко, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд и Уругвај. Кинезите исто така ќе можат да влезат во ЕУ, но само доколку Кина објави дека ќе прифати и европски посетители.