Со молотови врз владата во Тирана

Денешниот протест на опозицијата во Тирана ескалираше пред канцеларијата на премиерот.



Во моментот кога зборуваше високиот претставник Лулзим Баша, стотици молотови коктели беа фрлени во насока на главната врата, додека полициските сили реагираа со солзавец.

Aбанските опозициски партии одржаа протест во Тирана, повикувајќи ja владата да поднесе оставка и за предвремени парламентарни избори, јави Асошиетед прес..

Илјадници поддржувачи на централнодесничарската опозиција од целата земја се собраа денеска пред главната левичарска влада на Социјалистичката партија, држејќи анти-владини постери. Тие фрлаа ракети, петарди, молотови коктели и други проектили.

Опозицијата го обвини Кабинетот на премиерот Еди Рама дека е корумпиран и поврзан со организираниот криминал, кој владата го негира.

Опозициските пратеници го напуштија парламентот во знак на протест, иако многумина сега ги пополнуваат други опозициски кандидати. Владејачките социјалисти имаат 74 места во парламентот од 140 места.

Во јуни, Албанија очекува одговор од Европската унија за тоа дали ќе започнат преговорите за полноправно членство и исто така ќе одржат општински избори.