Со „Македонско девојче“ заврши концертот на Андре Риу (ВИДЕО)

Синоќешниот концерт на популарниот диригент и виртуоз на виолина, Андре Риу, aрената „Борис Трајковски“ заврши со прекресна изведба на песната „Македонско“ девојче што ја крена на нозе преполнетата сала.



На концертот, кој траеше повеќе од два часа, беа изведени арии од опери, „Ода на радоста“, италијански, германски, руски песни. „Радецки марш“, „На убавиот син Дунав“, а на крајот воодушевија со изведбата на „Македонско девојче“.