На списокот на земји со најдобри пасоши, Македонија е на 45 место и нејзините граѓани слободно може да патуваат на 124 држави.
Хрватска е на 18-то место со 171 земја каде нејзините граѓани можат да одат без виза, Црна Гора е на 45-та која како и Македонија има достапни 124 безвизни дестинации, БиХ е на 49-то место со 117, Словенија е на 12-то место со 180 достапни земји, Унгарија е на десетто со 182 дестинации, Романија на 17 со 172, Србија на 38 место со 134 дестинации, Албанија на 52 место со 114 земји кои не бараат виза за влез на нејзините граѓани …
Јапонија, Сингапур, Германија и Јужна Кореја се четирите земји кои имаат најдобри пасоши во светот, објави Henley Passport Index.
Граѓаните на Јапонија можат да патуваат во 191 земја во светот без потребната виза, додека граѓаните на Сингапур можат да патуваат во 190 земји, а Германците и Јужнокорејците на 189 дестинации.






