Со јапонскиот пасош, без виза може да се патува во 193 земји, покажува „ранг-листата“ на компанијата „Хенли и партнерите“ во кое јапонскиот е на прво место во конкуренција од 199 земји..



На оваа листа, македонскиот пасош е на 46. место и со него не е потребна виза за влезе во 126 земји во светот.

Од земјите во регионот најдобро рангирана е Грција (8. место) со чиј пасош не се потребни визи за 186 држави. Во шест држави помалку може да се влезе со пасош од Словенија, која е рангирана на 12. место. Бугарскиот пасош се наоѓа на 16. место и со него нема потреба за виза во 174 земји.

Хрватите може да патуваат без визи во 173 држави, граѓаните на Србија во 136, а по македонскиот послаб е црногорскиот пасош со кој може да се патува во 124 држави.

Подолу на листата се Босна и Херцеговина (53. место – 117 држави), Албанија (55. место – 115 држави) и Косово (107. место – 40 држави).

Најлошо рангиран пасош е оној на Авганистан со кој без виза може да се патува во само 26 земји, а пред ова се пасошите од Ирак (28 држави), Сирија (29 држави), Пакистан …