Компанијата Henley & Partners објави листа на најмоќните пасоши за 2022 година.
Македонија е на 42 место и со македонскиот пасош може да се патува во 125 земји без виза.
Најмоќен пасош имаат Јапонија и Сингапур, без виза може да патуваат во 192 земји. Потоа на второто место се Германија и Јужна Кореја (190). На третото место се Финска, Италија, Луксембург и Шпанија (189).
Од регионот, Бугарија и Хрватска се на 17 место (моѓат да патуваат без виза во 173 земји), Србија на 36 место (135), Црна Гора на 43 место (123), БиХ 47 место (117), Албанија на 49 место (114), Косово на 103 место.
Земји со најлош пасош, кои можат да влезат во помалку од 40 земји во светот се: Северна Кореја (39), Непал (37), Сомалија (34), Јемен (33), Пакистан (31), Сирија (29), Ирак (28), Авганистан (26).







