Андреј Пантев, историчар и пратеник во три мандата во Народното собрание на Бугарија, смета дека Бугарите и Македонците имаат заеднички прадедовци, но веќе се различни народи.
„Во моментов, позицијата на Бугарија кон Северна Македонија како држава е дека нашето минато е неразделно, споделено и разбирливо – сега можеби се друг народ, но некогаш бевме еден народ. Често се шегувам дека најголемата доказна база оти Македонците се историски Бугари е нивната мегаломанија. Ние треба да се однесуваме кон нив како постари браќа. Кога Ирска се раздели со Англија, Гледстон рече: ‘Да се разделиме како пријатели, а не како непријатели’. Мислам дека горе-долу тоа се забележува и кај нас, иако има секакви ‘дрвења’ и ‘перчења’ кај многу луѓе и таму, и овде, кои изградија цела кариера од тоа да кажат дека сме еден народ. Што е вистина, но денес треба да ја прифатиме суровата реалност на поделбата. Имаме заеднички прадедовци, но веќе сме различни“, изјави Пантев во интервју за бугарскиот весник „Дума“.






