Со луда брзина поминува на црвено низ скопските улици и се фали на ТикТок

Видеото кое го објавил корисник на ТикТок, а на кое се гледа како управува со „мерцедес“ и вози со 130 километри на час низ скопските улици, предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.



Од снимката може да се види како во скопската населба Кисела Вода, возачот поминува на затворен семафор додека проаѓаат пешаци, а на друго видео се гледа како претекнува возила.

Инаку, за повеќе од една недела две лица загинаа на скопските улици, а трето вчера е прегазено и се бори за живот.