Со злоупотребено лого на МВР на торта, внука на актуелен градоначалник слави командирска функција во тимот на Спасовски.
Според видеото се работи за внука на градоначалникот на општина Чучер Сандево од СДСМ Саша Комненовиќ кој е близок соработник и пријател на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Во видеото се гледа дека на тортата каде се наоѓа логото на МВР имало и таканаречени роденденски ,,бакљи” а во прославата за командирска функција се гледа како новопечената полициска командирка дава пари на музиката.
Според извори во МВР ставањето на логото на МВР на торта за приватна забава е грубо кршење на правилата на министерството и за тоа командирката мора да одговара.
Објавата на логото на МВР на недолично место и однесувањето на полицајката е причина за итна суспензија на командирката, тврдат искусни полициски службеници.
Командирката предходно беше дел од скандал објавен на социјалните мрежи каде беа објавени експлицитни фотографии кои таа сама ги сликала.
МВР на Спасовски засега молчи за злоупотребата на логото на МВР на приватна забава.
Во твитот на денот Твитер заедницата и ја честита новата функција на командирката која според анкетите оваа функција ќе може да ја зачува најмногу до Мај идната година.
Твитерџиите и посакуваат на веселата командирка како што игра исто толку успешно да фаќа криминалци.
Твитер заедницата и го честита решението на новата командирка на ПС Мирковци во Општина Чучер Сандево каде што Градоначалник е чичко и Сашо Комненовиќ од Сдс.
Се надеваме дека како што играш добро чучек исто така добро ќе фаќаш криминалци у северната на ољо. 🥳🥳 pic.twitter.com/0vBYmioHpW— Султана➿ (@Valdigtupprord) December 23, 2023






