Со логика против нелогичноста: Како БЕСА е дел од владата кога тргнавме да ја уриваме?

Кастриот Реџепи од Движењето Беса, во емисијата Клик Плус изјави дека Беса се уште е дел од Владата. Оставката на министерот Арјанит Хоџа и двајцата заменици министри, според Реџепи не значат дека Беса не е дел од парламентарното мнозинство.



„Движење Беса е во Влада. Доколку сакаат и се одлучни да не бидат во Влада, доколку партиските органи одлучат, тогаш и јас тоа ќе го почитувам. Но, ајде да дебатираме, да ги видиме аргументите зошто не треба да бидеме дел од влада“, истакна Кастриот Реџепи.

На ова министерод од редовите на БЕСА Арјанит Хоџа, кој му поднесе оставка на премиерот, за ТВ21 одговори како е можно да бидат дел од Владата, кога пратеници на Беса преземаа чекор за уривање на Владата. Го повика Премиерот итно да ги депонира нивните оставки и Собранието да ги утврди што е можно поскоро.

„Двајца пратеници беа на седницата за интерпелација на Владата. Јас и двајца заменици министри ги депониравме оставките. Премиерот треба да ги депонира во Собрание и да видиме точно дали сме или не дел од Владата“, посочи Арјанит Хоџа.

Хоџа заедно со двајца заемници министри во петок ги депонираа оставките во Влада, сепак тие се уште не се доставени во Собрание. Од извршната власт велат дека се уште не е одлучено кога ќе ги достават бидејќи нема законски рок, но додаваат дека тоа ќе го направат наскоро.