Со какви протоколи се лекуваат болните од Ковид-19?

Над 170 лица починале од Ковид-19 во последната недела во Македонија. Се повеќе млади лица на возраст од 20 до 30 години ја губат битката со SarsCov2, а меѓу починатите е и една 15 годишна девојка. Инфектологот Вело Марковски, вели дека загрижува високата смртнос во Македонија. Според него погрешните протоколи за лекување, во комбинација со затвореноста на надлежните да не примаат помош од други експерти, лошите услови во ковид центрите, како и нефункционалност на болниците за лекување на други болести си го направиле своето објави ТВ Алфа.



Ние имаме , три или четири пати повеќе умрени. Нас ни е проблем смртноста. Во таа анализа што излезе во последните две недели на 100илјади ние бевме убедливо со 16 на 100 илјади, и Црна Гора беше со просек од 2 и 1 и.т.н. Кај нас не е проблемот бројот на новозаразени. Проблемот е во лекувањето. Јас сум убеден дека се продолжи, не се направија доктрини, не се направија водичи, се продолжи со истите екипи рече инфектологот Вело Марковски во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.
Линк до целиот текст.