По агентот на ФСБ Александар Онишченко уште еден руски играч е дел од бизнис операциите на Димитар Ковачевски и Али Ахмети.
На интернет можат да се видат многу фотографии на кои Александар Лебедев од кого владата на СДСМ и ДУИ купува гас е сликан во пријателска атмосфера со рускиот претседател Путин.
Балкан јутилитис (Balkan Utilities) е бугарската компанија од која Македонија во наредните четири месеци ќе набавува природен гас, соопшти ЕСМ. Мало истражување по интернет, излегува дека оваа фирма е поврзана со името на рускиот олигарх Александар Лебедев и со бројни други сомнителни зделки на релација Русија, Грција, Бугарија, Кипар, Девствени острови, објави мкд.мк.
Според грчки медиуми, со компаниите на Лебедев, кој е на листата на милијардери на Форбс и сопственик на енергетскиот гигант Синтез кој работи со природен гас и во Грција, се поврзани и информациите за заеми од офшор компании кои се отпишани. Бројни се извештаите за нетранспарентност и блиски врски на компаниите на Лебедев со тогашната коалициска влада на Сириза и Независни Грци.
Компанијата ТГЦ-2 беше предмет на руски истраги во врска со трансфер на 150 милиони американски долари на Кипар и можната вмешаност на Лебедев во случајот.
То Вима уште во 2019 година напиша дека компанијата Балкан јутилитис е активна во секторот за природен гас и во Македонија.
Балкан јутилитис е регистрирана во 2003 година под дејноста „трговија со електроенергија, финансирање, инвестициско проектирање и експлоатација во сферата на енергетиката“. Во мај 2008 станува акционерско друштво.
Повеќе детали на овој ЛИНК





