Струмичанецот Стевче Стојанов кој и предходно објавувал информации за политички настани и апсења кои се покажале како точни објавува дека вкупно, со сѐ дијаспората од вкупно потпишани околу два милиони и сто илјади граѓани на пописот се регистрирани околу 62 проценти Македонци и речиси 30 проценти Албанци.
Сите останати Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи, Бугари и останати се околу 8,5 проценти.
Струмичанецот кој според фотографиите на социјалните мрежи е близок со членот на извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Струмица Костадин Костадинов вели дека до бројките и процентите е дојдено откако заменик директорот на Заводот за статистика се заканил дека нема да ги потпише резултатите ако Албанците се под 30 проценти.

Стојанов тврди дека на пописот како Бугари се искажале само 0,1 процент од населението.
,,Ексклузивно пред сите, иако резултатите од пописот ќе се кажат на 30 март во среда. Заедно со дијаспората има попишано околу 2 милиони и 100 000 граѓани, во Македонија околу 1 милион и 800 000.
Процентот на етнички Македонци со дијаспората е околу 62 отсто, а на етнички Албанци околу 29,5 отсто.
Заменик директорот од ДЗС од ДУИ се заканувал дека нема да ги потпише резултатите ако Албанците се под 30 отсто и тој е компромисот.
Не останало ,,место” за другите етникуми, па така сите други заедно се околу 8,5 отсто. Во Македонија без дијаспората Македонци се околу 65 отсто, Албанци околу 25 отсто, сите други околу 10 отсто. Матични броеви имаат околу 2 милиони и 500 000 граѓани.
П.С. За Бугари се изјасниле околу 2 000 наши сограѓани или статистички помалку од 0,1 отсто што според методологијата и статистиката уште се нарекува и статистичка грешка”, пишува Стојанов откако предходно директорот на заводот за статистика Апостол Симовски изјави дека по објавување на резултатите тој ќе биде прогласен за државен непријател.
Досега никој од владата или од СДСМ не го демантира тврдењето на Струмичанецот кој има објавено повеќе слики со Костадинов и со Зоран Заев.










