Со чии пари „СДСМ постојано вложува во сообраќајната инфраструктура“?

Преку претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, СДСМ се пофали дека „постојано вложува во сообраќајната инфраструктура“.



„СДСМ како на локално, така и на централно ниво постојано вложува и инвестира во патната инфраструктура во Градот Скопје.

Посветено работиме на проекти важни за граѓаните. Во следниот период ќе инвестираме уште повеќе во општина Кисела Вода за да биде уште подобро за нашите сограѓани.

Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните“, изјави Шимиќ, како да владејачката партија „постојано вложува“ и „ќе инвестира уште повеќе“ во Кисела Вода со свои, партиски пари, а не го прави тоа општината со пари собрани од граѓаните.