Постои усогласеност за заедничко чевствување на Свети Наум, Свети Климент и на Цар Самуил и тоа ќе биде препорака до Владите на Македонија и Бугарија вели историчарот и член на експертскиот тим на заедничката Комисија на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Петар Тодоров.
Комисијата на 19 и 20 февруари заседаваше во Скопје а една од темите беше заедничкото чествување на одредени историски личности и настани.
„ Нашиот предлог (до владите) е да се слават ови личности при јубилејни, при значајни датуми, вели Тодоров во интервјуто за 1ТВ.





