Со авион од Италија стигнале во Индија – 70 отсто од патниците биле позитивни

Скоро 70 отсто патници од авион што слетал во Индија од Италија се позитивни на коронавирусот. Тие веднаш се ставени во карантин.



Иако морале да достават негативен тест за Ковид-19 за да се качат на лет, речиси 70 отсто од патници на авион што летал од Милано до Амритсар, се со позитивен тест за коронавирус при пристигнувањето вчера попладне во Индија, јави ДПА.

По пристигнувањето, 160 возрасни патници се повторно тестирани, а 125 тестови биле позитивни.