Со АНБ а без ЈО се апси Камчев: Водечки македонски кривичар не може да се начуди

Еден од водечките македонски експерти по кривично право професорот на правниот факултет во Скопје Гордан Калајџиев не може да ја разбере правната логика по која е приведен бизнисменот Јордан Камчев.



Калајџиев се прашува и себе си но поставува прашање и до властите и правосудните органи како е можно тајна служба да се занимава со нешто што не смее да е во нејзин делокруг на работа а од процесот на апсење да е елиминирано јавното обвинителство.

“(Се) прашувам по кој правен основ тајната полиција АНБ се бави со осомничени за криминал?! И кој наредил приведување на Камчев без да има барање на Јо?!”, прашува Калајџиев.