Осумсто илјади лева (400.000 евра) ќе издвои бугарското министерство за надворешни работи од буџетот за оваа година, со ќе се поддржат проекти на бугарски организации во Албанија, Србија, Косово, Украина, Молдавија, како и граѓани на Македонија со бугарска самосвест, информираа од Министерството, пренесе БНР.бг.



Средствата, како што се посочува, се за спроведување на четиригодишна проектна програма за поддршка на организациите на бугарските заедници во шесте земји.

„Програмата трае до 2024 година и ќе финансира проекти од различни области во чија основа е зачувување на бугарската култура и самосвест, нивно популаризирање во странство, како и грижа за локалното културно и историско наследство, поддршка на бугарскиот јазик во странство и емитување медиумски материјали на бугарски јазик“, изјави заменик министерот за надворешни работи Костадин Коџабашев.