Со 20 часа филибастеринг ВМРО-ДПМНЕ до дневна расправа за 33 мил. евра за Макпетрол

Во Собранието продолжува битката на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на законот со кој компанијата Макпетрол инаку сопственик на Телма телевизија да добие 33 милиони евра државни пари за уделот во ГАМА.



Читајте и

Нова функција во Македонија “Пазач” на пратеници

СДСМ вовела смени во Собранието, ноќеска шеф на смена Костадинов

Според информациите од таму на пленарната седница освен опозицијата се присутни само 5 пратеници на СДСМ кои воопшто не го бранат законот и владиниот претставник министерот за транспорт Благој Бочварски кој цело време молчи и не одговара на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека се работи за криминал.

“Повеќе од 20 ЧАСА БЕЗ ПРЕСТАН буквално цел ден и цела ноќ пратениците на ВМРО ДПМНЕ се борат да СПРЕЧАТ спорен договор вреден 33 мил евра!

Толку многу мириса на СКАНДАЛ што сакаа да го скријат и протнат во доцните вечерни часови, но со ЛАВОВСКА БИТКА успеавме да го дочекаме НОВИОТ ДЕН заедно, за цела македонска јавност ДА ЈА ВИДИ злоупотребата!

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ! БИТКАТА ПРОДОЛЖУВА!”, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на социјалните мрежи рано изутрина.

Подмолни трикови на власта против опозицијата

Во 5 часот им исклучија струја, вмровските пратеници “филибастираат” во капути

За пописот

Дали Македонци се под/над 65 % или Албанци над/под 20 % нема дејство, вели Заев за пописот