„Пратеникот на Алијансата на Албанците Халил Снопче е убеден дека новата влада на Димитар Ковачевски нема да има долг живот, бидејќи, како што вели, нема капацитет да ги реши многуте проблеми, во кои е потоната Македонија.“ – јави весникот на албански јазик „Лајм“, пренесувајќи ја изјавата на Снопче:
„Во последните две недели се одржуваат последователни седници, едноподруги. Се изгласуваат закони со голема брзина и има ненајавени седници, што значи дека функционира новото парламентарно мнозинство со 62 – 63 пратеници. Тоа потврдува дека Алтернатива конечно му се придружила на тоа ново парламентарно мнозинство. Новата Влада ќе биде изгласана, но нема да биде долготрајна. Оваа Влада е нестабилна и ќе експлодира, бидејќи нема капацитет да управува со државните одговорности.“





