Снимка од погоден руски „сухој“ (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео, снимено од камера од кацигата на руски пилот, кој морал да се катапултира откако неговиот авион бил погоден.



„Луда снимка од камерата на кацигата на рускиот пилот“, стои на почетокот на описот на видеото објавено на Твитер. Како што се наведува понатаму, пилотот се катапултирал од рускиот борбен авион „Сухој-25“.

Видеото е објавено и на каналот Телеграм, а на него се гледа како авионот е погоден од проектил, а потоа од ударот леталото се врти. Се гледаат експлозии, делови паѓаат, а исфрлениот пилот потоа паѓа.